УХМР: Облачно со повремен дожд и ветер

Претежно облачно време со слаб до умерен ветер ќе преовладува денеска во државата. Претпладне особено на истокот од државата ќе има врнежи од дожд и повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму велат дека дневната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје слично време со краткотраен дожд и слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 54 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје пет литри на метар квадратен.

Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени 4 степени, а најтопло во Дојран – 15 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e