Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја оцени како важна и успешна. Тој рече дека со еврокомесарот разговарале за тоа дали се исполнети условите за избори на 11 декември,
– Мојот став е дека дел од условите за изборите се исполнети. Но, кога ќе се објават официјалните резултати, ако има еден факт што потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги повториле работите од минатите избори, ние ќе ги прогласиме за невалидни и нема да ги признаеме – изјави Тачи.
По средбата на Јоханес Хан со Тачи, во тек е средбата на еврокомесарот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претходно, Хан разговараше и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, премиерот Емил Димитриев и со претставници од невладиниот сектор.
Еврокомесарот за средбата со Тачи на „Твитер“ напиша: „Добар состанок со Мендух Тачи, лидерот на ДПА. Разговаравме за подготовките за избори, а меѓуетничката соработка е клучен елемент“.
Извор Мета
За поврзани вести продолжете надолу