Сугарески: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови дециден беше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој одгoвараше на новинарски прашања по средбата со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

„Мислам дека оваа тема уште во текот на локалните избори многу беше злоупотребена. Немам информации дека во Македонија некој планира да гради и не смееме да внесуваме психоза или паника меѓу населението. Јас за таква работа нити знам, а и тогаш кажав и сега ќе кажам дека никакви кампови нема да се градат тука“, вели Сугарески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска рече дека иако Република Македонија, не може да се класифицира како земја – крајна дестинација во мигрантските движења, туку е само  коридор за бегалците, тоа никако не ја исклучува обврската, но и потребата од донесување на сеопфатна, квалитетна и издржана законска регулатива во поглед на меѓународната и правна заштита на бегалците.

Спасовски учествуваше на втора сесија на Работната група IV која расправа по Поглавјето 24 – Правда, слободи и безбедност. Поглавјето 24 е дел од преговорите на Македонија со Европската Унија (ЕУ) за членство на земјата во Унијата.

Во последниот извештај на Европската Унија (ЕУ) за Македонија имаше забелешки околу напредокот во ова поглавја токму во делот на спроведување на политиките што се однесуваат на миграциите и азилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e