Спасовски: За следните 4 години очекуваме 1 милијарда евра странски инвестиции

Во вечерашното предизборно соочување на телевизија Телма на дел од носителите на кандидатските листи во ИЕ 2, техничкиот премиер Оливер Спасовски како носител на кандидатската листа на коалицијата “Можеме”, со став дека сè што е ветено во програмата е базирано на реалната економија која ја имаме и дека очекува помалите економии како нашата, побрзо да се опорават од шокот што го предизвика корона-кризата.

“Погледнете го планот за живот што го понудивме на граѓаните во 2016 година и после тоа погледнете ја програмата на Владата која ја направивме и ќе видите дека сите проекти кои сме ги предвиделе во тој момент се реализирани. Ние имавме ситуација во која државата во 2016-2017 беше затечена во една сериозна криза со разрушени институции. Во 2017 година минималната плата беше 8 600 денари, денеска таа е 14 500 денари. Просечната плата беше 22 300 денари, денеска е 27 500 денари. Огромен беше предизвикот да ја вадите државата од режим, финансиски да ги консолидирате институциите и да работите за да може да ги зголемувате платите.

Ова со ковид-19 е сериозна здравствена криза којашто има влијание на економската криза и тоа се покажа. Меѓутоа сите предвидувања покажуваат дека малите економии имаат најмала штета и можат најбрзо да застанат на нозе и да се вратат во живот. Ако ние во првите 15 дена од јуни имаме приходи во буџет кои се зголемени од 5-7% повеќе во однос на приходите во јуни 2019 година, тоа покажува дека сме во добра економска кондиција.

Сè ова што е кажано се базира исклучиво на реални можности и затоа велиме дека во наредниот мандат ќе имаме 300 милиони евра од буџетот поддршка за домашните и странските инвестиции и 300 милиони евра од европските фондови. Со тоа ќе се поддржат многу од мерките, како на пример зголемувањето на платата од секој работодавач до 6 000 денари државата ги покрива придонесите, воведување на младински доадток, за секој вработен до 29 години во производството или во земјоделството државата персоналниот данок да го уплати на сметката на работникот. Ако за 2,5 години од преземањето на власта до денеска имаме 660 милиони евра странски инвестиции, тие се должат и на добрата бизнис клима, но и на приоритетите што ги решивме: влезот во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. За 4 години очекуваме 1 милијарда евра странски инвестиции. Сè она што е запишано во програмата ќе се базира на реалната економија која ја имаме. Ние и сега во време на криза покажавме дека носиме вистински одлуки” – заклучи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e