Спасовски: Во овој момент се направени сите епидемиолошки анкети и на тоа се базира тврдењето дека состојбата е под контрола

Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, техничкиот премиер Оливер Спасовски потврди дека доколку состојбата со коронавирусот добие на интензитет отворена е можноста повторно да се воведат рестриктивни мерки секаде каде има потреба од таква мерка.

“Ситуацијата е под контрола. Од самиот старт на оваа здравствена криза имаме состојби во кои одредени граѓани не соработуваат добро до епидемиолошките служби. Секаде има исклучоци. Но, во овој момент се направени сите епидемиолошки анкети и на тоа се базира тврдењето дека состојбата е под контрола. Владата е во постојано заседание и во секој момент ако се процени дека има потреба од преземање дополнителни рестриктивни мерки, тоа ќе го направи. Важно е мерките кои ќе ги донесеме да носат и резултати, да бидат ефективни.

На пример, во овој момент во Сарај целосно се извршени тестирања на сите кластери, вчера имаше само 2 нови случаи и ако вака се одвива ситуацијата како вчера и денеска таму ќе нема потреба од воведување карантин. Доколку почнат да паѓаат бројките во наредните два до три дена таму нема да има потреба од воведување рестриктивни мерки. Доколку има зголемување на бројките секако дека се размислува за воведување на карантински мерки за одредени подрачја” – истакна Спасовски.

Запрашан дали постои можност Скопје повторно да биде ставено во целосен карантин, Спасовски со одговор:

“Сите опции се отворени. Сега за сега, ако вака се одвива ситуацијата само во тие неколку општини, од тие познати кластери ќе нема потреба за таква работа. Доколку развојот на настаните добива интензитет во друга насока тогаш е можно да се донесат одлуки за рестриктивни мерки без разлика дали се работи за Скопје, Штип или друг град” – одговори Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e