Спасовски: СДСМ го цени квалитетот и има еднаков третман кон сите, времето на национализмот заврши

Во вечерашното предизборно соочување на телевизија Телма на дел од носителите на кандидатските листи во ИЕ 2, техничкиот премиер Оливер Спасовски како носител на кандидатската листа на коалицијата “Можеме”, запрашан за коментар за предлогот на ДУИ дека е време за Албанец премиер, Спаовски со став:

“Прво, треба да знаеме дека тој концепт коојшто опстојува овие три години, односно концептот “Македонија – едно општество за сите” нема алтернатива. Заврши времето на национализми и на продавање на приказни од која било страна, јас воопшто не сакам да се делиме, напротив доста ни беа делбите во тие 11 години, сега сакаме обединување на сите. Тоа што која било од политичките партии излегува со свои кандидати за претседател на влада или држава не е ништо ново, ниту чудно. Погледнете ги претседателските избори од независноста, па до денеска ќе видите дека секогаш имало кандидати за претседател на државата од сите политички партии, без потенцирање на националноста.

Но, не треба да има уцена од кого било, Владата треба да се прави врз основа на принципи на изборните програми кои ги имаме и врз основа на концептот којшто го градиме. Ако е во функција да се поттикнува национализам и да дојде до поголем број на гласачи во овој момент, тоа е одлука на партиите и нивна сопствена стратегија. Ние не отстапуваме од тој концепт, ние се обраќаме кон сите. Ниту на претседателот Заев,  ниту на СДСМ, никој не може да им забележи во овој момент за еднаквиот третман кон сите. Тоа не може да го оспори никој, па ниту ДУИ. Ние заедно се договоривме дека Талат Џафери е добар кандидат за претседател на Собрание и тоа го направивме. Ние сме растеретени од тоа, квалитетот треба да дојде до израз. Уцените не се прифатливи. Уцените не се добри за иднината на државата” – истакна Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e