Спасовски: Просечна плата од 30 000 денари и поголеми пензии за достоинствен живот

Изјава за медиуми,
Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалцијата во ИЕ 2

“Македонија предолго беше заложник на Груевски и фамилијата. Граѓаните во Македонија имаат итна потреба од менување на власта и целиот нејзин однос кон работниците, студентите, пензионерите. Власта на Груевски ги остави работниците во Македонија со најниска минимална плата во целиот регион.

Сегашните минимални и просечни плати во Македонија не се доволни да се покријат месечните трошоци и граѓаните се приморани да се задолжуваат само за да се прехранат и да платат сметки.

Затоа во Планот за живот Македонија се обрзвуваме – Во првите четири месеци од мандатот ја зголемуваме минималната плата на 12 000 денари. И таа ќе изнесува толку во сите индустрии без дискриминација.

Ова ќе биде еден од чекорите со кои ќе ја оствариме крајната цел а тоа е до крајот на мандатот на новата влада на СДСМ просечната плата да изнесува 30 000 денари. Тоа ќе биде пристојна плата за секој вработен доволна за да може да се преживее месецот без задолжувања. Плата која ќе ги следи потребите на граѓаните. Ако во едно семејство влегуваат две просечни плати тоа значи семеен буџет од 1000 евра. Тоа значи стабилен семеен буџет. Поголема минимална плата значи повреднувани работници. Поголема просечна плата значи посигурни и посреќни семејства.

Освен платите, преку Планот за живот се обврзуваме на усогласено покачување на сите пензии во Македонија. Покачувањата на пензиите ќе ги следат трошоците на живот и нема да се покачуваат како сега, пред избори или кога ќе му текне на Груевски. И пензионерите како и сите граѓани имаат потреба од повисоки примања кои ќе им го вратат достоинствениот живот.

Со овие мерки планираме да го покачиме животниот стандард, да создадеме задоволни граѓани, успешни компании и стабилно општество. Граѓаните ги препознаваат овие мерки кои се базираат на искуство и аналитичност, а не на популизам.

Затоа, на 11 декември и граѓаните на Општина Бутел, но и граѓаните во цела Македонија, масовно ќе ја дадат својата поддршка на Планот за живот во Македонија, бидејќи токму со тој План ќе ги вратиме парите, правдата и животот во Македонија”, вели Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e