Спасовски од Свечената академија по повод „Св Сава“: Ја манифестираме грижата за заедниците во земјава

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вечерва се обрати на Свечената академија посветена на Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија – празникот „Свети Сава“, која се одржа во МНТ под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

На свечената академија, покрај претставниците на српската заедница во земјата, присуствуваа и гости од Република Србија и Босна и Херцеговина, меѓу кои и генералниот секретар на претседателот на Република Србија, Никола Селаковиќ, и членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

„Ми претставува особена чест што ми е дадена можност да се обратам на овој настан, чиј покровител е Владата на Република Северна Македонија, посветен на одбележување на националниот ден на Србите во Република Северна Македонија, како дел од програмата „Денови на Свети Сава“, во чии рамки е и оваа свечена академија посветена на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. На сите наши сограѓани од српската заедница во Северна Македонија, како и на гостите од Република Србија и Босна и Херцеговина, најсрдечно им го честитам празникот, со желба овие честитки, во мое име и во име на Владата и народот на Северна Македонија да им бидат пренесени и на граѓаните на нивните земји. Честа што ми припадна да се обратам вечерва не е само заради тоа што имам прилика да се обратам пред припадниците на српската заедница во Северна Македонија, како и пред угледните гости на оваа свеченост, туку и заради тоа што делото на Свети Сава инспирира и осум века после неговата смрт“, вели Спасовски.

Додаде дека биографијата на овој свет човек и духовник и неговите државнички активности, како и активностите како светител, оставиле длабоки и исклучително значајни траги и ја потврдуваат неговата големина: Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ и основач на царската лавра во манастирот Хиландар на Света Гора Атоска. Спасовски рече дека тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е молитвен застапник на сите кои преку него побарале помош од Бога, посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e