Спасовски: Комуникација со опозицијата може да има во секој момент, но официјални разговори сега нема

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека сите политички субјекти мора да покажат поголема одговорност кон граѓаните и државата и дека секогаш постои можност за воспоставување дијалог со опозицијата.

“За државата е многу важно да имаме функционални институции, ние имаме состојба во која не работи парламентот, немаме можност за носење законски решенија, имаме и недостаток на парламентарна контрола врз извршната власт. Најдобро е сите политички субјекти е да разберат дека носењето на уредбата за одложувањето на изборите го детерминира и датумот на изборите. Добро е да имаме политички консензус во однос на изборните дејства и денот на изборите, изборниот процес кој треба да биде фер, демократски и инклузивен. Најголем инетрес за државата во овој момент е да ги стави институциите во полн капацитет. Оваа состојба е состојба со која ќе живееме и понатака и тука треба да се покаже поголема одговорност од сите политички субјекти. Јас мислам дека сите политички партии ќе си направат сопствена анализа и ќе учествуваат на изборите. Најдобро е да имаме учество и на позиција и на опозиција, меѓутоа секој субјект треба да знае дека уште поважно е да се штити интересот на граѓаните и државата. Одлуките за учество на изборите треба да се темелат на овие факти” – изјави Спасовски.

Запрашан дали во моментов постои комуникација или некакви преговори си опозицијата, Спасовски со одговор:

“Комуникација може да има секогаш и СДСМ никогаш не бега од дијалог и разговор со опозицијата. Но, во оние моменти кога партиите не можат да се договорат, кога партиите се премногу останати во одредени свои ровови на ставови во однос на одржувањето на изборите тогаш мора да делуваат институциите на системот и преку институциите да продолжи изборниот процес. Комуникација може да има во секој момент, но официјални разговори сега нема” – додаде Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e