Спасовски: Груевски не му побегна на Оливер, ниту на МВР

Тогаш кога ќе има доволно информации за начинот на кој се случи бегството на екс премиерот Груевски ќе излезе Јавното обвинителство кое ја води истрагата со конкретни информации.

Сите истражни дејства од страна на МВР се доставени до ЈО за гонење на организиран криминал. – рече Спасовски во вечерашното гостување во Отворено на 24ТВ.

Период на реформи во МВР и во правосудството и обвинителството мора да има и јас ве уверувам дека ќе има за да се консолидира за да нема пропусти во иднина. Системот мора да се консолидира, ова е можност. Тогаш немаше мерка за да Груевски биде во притвор, ние од МВР ги доставивме сите истражни дејства до ЈО. – рече Спасовски.

Многу е лошо да се излезе со шпекулации само за да се затвори еден случај каков што е бегството на Груевски. Кога ќе имаме слика ќе ги објавиме информациите со јавноста. Помош имал и од внатре и од служби кои му помогнале.

Груевски не му побегна на Оливер ниту на МВР. Од МВР немаше налог.  – потенцираше Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e