Собранието ќе ја спасува државата од тужба од вработените во СЈО преку законски измени

Група пратеници до Собранието испратиле предлог за измени во Законот за јавнообвинителската служба, кои ќе се најдат на пленарната седница во среда. Измените кои се предлагаат се во насока за исплата на платите на вработените, истражителите, но и за исплата на веќе заостанатите сметки на Специјалното јавно обвинителство да може да ги менаџира државниот обвинител Љубомир Јовески, бидејќи од средината на септември таму нема потписник кој би можел да ги стори сите овие работи, пишува Стандард.

Пратеници и од власта и од опозицијата за Стандард брифираат дека има волја овие измени да поминат веднаш, со цел вработените чии договори со СЈО истекуваат во септември идната година, кога и официјално престанува да постои обвинителството кое го водеше Катица Јанева, сега второобвинета во случајот „Рекет“.

Откако Јанева беше разрешена, а сите обвинители од СЈО се вратија во редовите на ОЈО, во обвинителството нема кој да ги потпише платите на вработените, како и за плаќање на сметките кои се собираат за СЈО. Деновиве им се заканува и исклучување на електричната енергија доколку не се донесат овие измени, со што тие ќе останат целосно парализирани.

 

Целиот текст прочитајте го на Стандард.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e