Смаиловиќ: Сакам да станам дел од парламентот, од таму може подобро да дејствувам за застапеноста на жените во политиката

Активистката за родова еднаквост која неодамна е дел од комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ во дебата на телевизија Телма изјави дека својот актививизам сака да доведе на друго ниво односно да стане дел од парламентот каде, како што вели, може по активно да дејствува и заложува за родовата еднаквост и застапеноста на жените во политиката.

-Од септември месец сум дел од комисијата за труд и социјална политика внатре во партијата, сакам да придонесам во социјалните реформи, се вклучив самоволно. За понатамошен ангажман не знам што стои пред мене. Мојот граѓански активизам би сакала да го донесам на друго ниво и да станам дел од парламентот каде би можела по активно да влијаам на родовата еднаквост во институциите и политиката, вели Смаиловиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e