СЈО: Случајот „Сопот“ поврзан со незаконското следење на комуникациите

Со оглед дека од страна на повеќе медиуми беше изразен интерес за предметот познат во јавноста како „Сопот“, Ве известуваме следното:

Имено, како што и претходно појаснивме врз основа на јавно објавен разговор, побаран е предметот познат во јавноста како „Сопот“, а со цел да се произнесеме за нашата надлежност врз тој предмет.

Сакаме да појасниме дека поднесеното обвинението против обвинетите во случајот „Сопот“ е поврзано со содржината и со кривичните дела кои произлегуваат од содржината на разговорот кој се однесува на наведениот случај, па со оглед на ваквата околности ние имаме законска обврска да го побараме овој предмет, а со цел да се произнесеме за нашата надлежност врз истиот.

Сакаме да укажеме дека периодот од 2008 година до 2015 година кој е наведен во Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се однесува исклучиво на времето на реализација на незаконски следените комуникациите, а не и на времето кога одреден настан се случил. – информираат од СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e