Синдикатот го обвинува Никола Попоски за лажно претставување!

СМДС – Синдикатот на македонската дипломатска служба преку отворено писмо до в.д. министерот за надворешни работи Илија Исајловски побара да се спречи Никола Поповски лажно да се претставува како министер и бараат „да се разгледа евентуалната кривична одговорност“.

-По извршениот увид во важечката уставно- законска регулатива, и посебно членовите 63 од Уставот, потоа 5 и 9 од Законот за пратеници, како и 8 од Изборниот законик, најнедвосмислено произлегува дека на пратеникот Попоски функцијата заменик- премиер и министер за надворешни работи му престанала по сила на законот со ДЕНОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈА НА МАНДАТОТ ПРАТЕНИК. Извесно е дека не се работи за ниту теориска можност за примена на членот 93 од Уставот, бидејќи во Владата на која и’ престанал мандатот има нејзини членови кои не станале пратеници, па оттука не може да стане збор дека постои каква и да е неопходност оние членови на таквата Влада кои станале пратеници – да продолжат да ги држат своите претходни функции заради опасност од дисфункционализација. Таков е случајот и со Министерството за надворешни работи, со оглед на тоа што заменикот МНР во какви и да е услови на спреченост на МНР – исцело ги има ингеренциите да ја врши функцијата МНР. Следствено, се’ што по 30 декември 2016 година презел пратеникот Попоски претставувајќи се како МНР е лажно претставување, па дури треба и да се разгледа евентуалната кривична одговорност, стои во писмото на Синдикатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e