Шилегов во “Само вистина”: Одлуката за Универзална сала е една од клучните одлуки кои ќе ја диктираат културната инфраструктура во наредните 30 до 50 години

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, во денешното гостување во дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија истакна дека одлуките кои се однесуваат на културната инфраструктура во овој период, вклучително и Универззална сала, се исклучително важни одлуки и за нив мора да има дебата во јавноста бидејќи овие одлуки ќе ја диктираат климата во културата во наредните 30 до 50 години.

“Јас сум должен да ги разработам сите фази, а на јавноста да и бидат предочени сите опции затоа што влегуваме во фаза на почеток на реализација. Културата во Македонија и развојот на културната инфраструктура, за жал, не зависи од локалната самоуправа, туку од централната власт која прави инвестиции во културната инфраструктура по пат на т.н. капитални инвестиции во културата. Во 2020 година, ние за првпат добивме 30 милиони наменети за Универзална сала. По основ на тоа, сега треба да ги разработиме решенијата за да можеме да влеземе во буџетот на државата во 2021 година со посериозна сума на пари за да можеме одлуките коишто ќе ги донесеме да ги имплементираме со тие посериозни средства. Тоа е редоследот на нештата.

Повеќе од една година многу внимателно се занимавам со проблемот околу Универзална сала разработувајќи ги овие работи коишто сега созреаја и ги споделуваме со јавноста. На пример, во нашево Скопје кој ги праша граѓаните за промена на изгледот на Стоковна куќа која е капитален, односно идентитетски објект во самиот центар на градот. Никој не ги праша Скопјани. Затоа сега е чудно што ние отвораме вакви дебати затоа што нам порано ни ги соопштуваа решенијата. Во други времиња ако некој друг одлучеше да ја урне Универзална сала во 2 часот наутро ќе поставеа тараби, ќе застанеше полиција и ќе завршеа работа. Дали воопшто некој порано го земаше предвид мислењето на Асоцијацијата на архитекти кога се носеа одлуките? Ова е одлука каква ќе биде културната инфраструктура на град Скопје во наредните 30 до 50 години. Таква одлука не смее кој било сам да ја донесе” – истакна Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e