Шилегов: Последните дождови покажаа дека „Скопје 2014“ станува реална опасност по граѓаните и нивните имоти

Обилните врнежи од дожд кои го зафатија Скопје во текот на изминатите денови предизвикаа излевање во мајор коритото на реката Вардар и штета на скапо платените објекти од проектот „Скопје 2014“. Градбите и градежните активности што се дел од овој проект, а се  одвиваат  во коритото на реката на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до Камениот мост, ја намалуваат проточноста на коритото и при надојдена вода претставуваат опасност по безбедноста на градот од поплави.

Bezbednosta na graganite i zastitata na objekite se prioritet (1)

– Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува реална опасност по граѓаните на Скопје и нивните имоти. Во јавноста се презентираше неговата корисност за развој на туризмот во Скопје. Изминативе неколку дена потврдија дека оваа слика не само што не го развива туризмот, туку претставува опасност за безбедноста на целиот град – истакна градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека состојбата на подрумите на објектите околу реката Вардар јасно  покажуваат дека залудно се потрошени милионски суми за изградба на овие објекти.

Екипите на Градот излегоа на терен и веќе го расчистуваат насобраниот отпад во и околу коритото на реката Вардар, што го донесоа надојдените води по обилните дождови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ