Шилегов: Имаме план за живот и во реканскиот крај!

Изјава за медиуми на Петре Шилегов, носител на кандидатската листа во ИЕ 6 од редовите на СДСМ

“Се наоѓаме во Дебар, во реканскиот крај. Овдека каде што природата дала, дала, предала и разговараме со нашите граѓани.

Маките во Дебар се исто големи како и секаде, особено прашањето за иселувањето на младите. Социјалдемократскиот сојуз токму заради тоа и го состави Планот за живот во Македонија, да ги задржиме младите да живеат овде, во ова прекрасно место.

Да ја изградиме инфраструктурата достојна на дебарчани. Да не ги кршат ниту автомобилите по патот по кој што возат, ниту пак да имаат проблем со комуникацијата. Дебар мора да биде поврзан со остатокот од Македонија со една современа, со една современа сообраќајница.

Во овој крај баш со изградба на таа инфраструктура ќе можеме да помогнеме да се развие и туризмот, да се развие еколошкиот туризам, баш заради толку прекрасната природа која што ја имаме.

И да ги задржиме и младите, да на младите им дадеме и волја и сила и да ги поттикнеме да отвараат сопствени бизниси. Токму заради тоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во сопствената програма предвидува 10.000 евра, неповратна помош за најдобрите бизнис идеи.

Меѓутоа и за помагање на бизнисите на младите, кредити државни од 15.000 евра со само 1 процент камата, за да тие деца застанат на своите нозе, за да тие деца останат овде, го развијат бизнисот, заработат за добар и за подобар живот.

Самовработувањето е еден од најдобрите начини, овдека се еснафлии луѓе, дуќанџии луѓе, знаат дека тоа може да го направат и таа иницијатива кај луѓето мораме да ја помогнеме.

Во Македонија доаѓа слободата, во Македонија доаѓа животот, животот дебарчани овдека денеска шетајќи низ чаршијата ме убедува дека после 11-ти декември ќе го вратиме во нашите раце.

Луѓето ќе ја дадат поддршката, луѓето застануваат позади нашиот План за живот во Македонија, Македонија ќе биде слободна, современа европска држава, заедничка за сите луѓе, без оглед на нивната политичка, верска или национална припадност”, изјави Шилегов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e