Шеќеринска: Членството во НАТО ќе ги зголеми странските инвестиции

Поканата за членство во НАТО која ќе ја добиеме следната недела ќе значи почеток на една ера на стабилност и безбедност за нашата земја, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска по повод приемот на 125 професионални војници во АРМ.

-Вие сте првата група од вкупно предвидените 375 нови професионални војници кои годинава треба да го зајакнат составот на АРМ. Сакам да ви кажам дека вие ја започнувате вашата кариера во вистинско, крунско време. Време на големи предизвици, модернизација и професионализација на армија. Време во кое Македонија ќе ја унапредува одбраната и ќе го достигне стандардот на Алијансата, рече Шекеринска, истакнувајќи дека членството во НАТО гарантира безбедна иднина за граѓаните на нашата земја.

Говорејќи за придобивките од членството во Алијансата, Шекеринска го посочи примерот со Бугарија, каде за период од 5 години странските инвестиции од 7 достигнаа 20 проценти од БДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e