Шекеринска: Мора да почнат да растат платите за да го запреме иселувањето

Дел од обраќањето на Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5 во
Мешеишта

“Тоа што го зборуваме во големи бројки се гледа и во секое најмало село. Беа со мене неколкумина, и ќе посведочат. Немаше семејство што го посетивме што немаше веќе едно дете во странство, а неколкумина имаа веќе две.

Затоа, кога ја пишувавме нашата програма „План за живот во Македонија“, верувајте, тоа ни беше ѕвездата водилка, идејата водилка. Како во секоја област и во секоја мерка да им покажеме и на младите и на возрасните, дека работите утре можат да бидат подобри.

Во Македонија мора да почнат да растат платите, затоа што не може стандардот на луѓето да биде мизерен а земјата да вели, одиме во Европа.

И затоа земавме обврска во првите 180 дена, да донесеме нов закон за минимална плата и да кажеме вака. Минималната плата, веднаш, за сите сектори, и за текстил и за кожарска индустрија, ќе ја направиме 12 илјади денари, 3.000 денари повеќе од тоа што е денес, ама со план секоја година да расте и во 2020 на крајот на мандатот да изнесува 16 илјади денари.

Редно време е, во Македонија да почнеме од проблемот кој навеќе боли. Без пристојни плати, Македонија секоја година ќе биде се попразна и секоја година Македонија ќе биде се повозрасна”, се вели во обраќањето на Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e