Шахпаска кон Јанушев: Ако имате проблем да прифатите маж и жена на исто рамниште да бидат носители на листа, тогаш треба да им кажете на граѓаните

На коментарот на носителот на ИЕ 3 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, дека Јагода Шахпаска, коносител на кандидатската листа на пратеници од Коалицијата “Можеме” предводена од СДСМ, не ја смета за негова колешка, односно дека воопшто не ја смета за носител на ИЕ 3, во вечерашното предизборно соочување на телевизија Телма, Шахпаска му возврати:

“Јас сум носител, а вие си имате проблем што не прифаќате дека СДСМ на иста основа, рамниште, ги става двајцата носители, маж и жена. Ако вие имате проблем тоа, треба да го кажете тоа пред македонските граѓани. На крајот на краиштата не треба да ве навредува ако ви се обраќам со колега. Ние сме и двајцата квалитетни носители во 3 ИЕ, и јас и господинот Љупчо Николовски” – истакна Шахпаска.

Во однос на разликата во владеењето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Шахпаска со објаснување:

“За разликата помеѓу владеењето на СДСМ и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ слушнавме во изминатиов период, исто како и за вашето успешно менаџирање како директор во ЈСП. Слушнавме многу убаво и за злоупотребата од 5 милиони евра за двокатните автобуси во ЈСП Скопје, за залагањето за изградба на “Панорамско тркало” кое македонските граѓани ги чини 18 милиони евра, кое за среќа е стопирано. Разликата е во тоа што ние вративме 11 милиони евра кон граѓаните со исклучување на радиодифузната такса, 11 милиони евра вративме со ефтината тарифа на струја и 10 милиони евра вративме кон граѓаните по основ на скенирање на сметките, односно преку повратот на ДДВ. Разликата е што ние вистински ги враќаме парите кон граѓаните, инвестираме во нови работни места и имаме рекордна историска најниска невработеност од 16,3%” – додаде Шахпаска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e