Јагода Шахпаска, коносител на кандидатската листа на пратеници од Коалицијата “Можеме” предводена од СДСМ, во вечерашното предизборно соочување на телевизија Телма, запрашана што би и порачала на опозицијата во пресрет на изборите, со одговор:
“Граѓаните да не дозволат враќање на режимот, односно да не поддржуваат влада која ги крадеше парите од граѓаните. Имам порака до опозицијата, пред се’ мислам на ВМРО-ДПМНЕ, да се приклучат кон успешните политики кои СДСМ ги реализираше во изминатиов период, за овој тренд на пораст на платите, на просечната и минималната плата, на инвестиции, на градење на нова македонска економија, на носење на европските демократски вредности овде во државава, подобар животен стандард за сите граѓани, владеење на правото и правна држава, одговарање на сите за она штого направиле со цел заеднички да ја градиме европската перспектива.
Немаат ниту доблест, ниту храброст да се радуваат на влезот на нашата земја во НАТО како полноправна триесетта членка, меѓутоа јас ги повикувам барем заеднички да ги отвораме поглавјата за пристап кон ЕУ. Тоа им го должат на сите граѓани, но пред се’ на младите во оваа држава” – и порача Шахпаска на опозицијата.