Северна Македонија со најнизок просек на заразени и починати од КОВИД-19

Анализите на досегашните податоци за заразените и умрените од корона вирусот во земјава внесуваат оптимизам. Трендот на пораст на бројот на заразени последните денови и споредбата на бројките од нашата земја со податоците во светот и земјите од регионот, покажуваат успешно справување на нашите институции и граѓани со заразата која го обиколи целиот свет.

 

Како дневниот процент на ново заразени така и бројот на починатите од КОВИД-19 и според официјалните компаративни анализи на светските центри за статистика влеваат доза оптимизам, затоа што станува несомнено дека Северна Македонија спаѓа во групата на земјите кои заразата ја држат под контрола.

Така, вчера во нашата земја бројот на заразени расте за 10% помалку отколку бројот на новорегистрирани пациенти во САД, каде бројот растеше за 18%, а во Шпанија официјалните бројки објавени во петок забележаа раст за 11%. Во Германија, за само 24 часа, бројот на ново заразени порасна за 15,7%, во Франција за 13%, а во нашиот регион трендот беше уште понеповолен. Од земјите во соседството и околината, Бугарија на 27 март објави најнеповолни бројки, со раст од 27% за 24 часа, Црна Гора со 18%, а во Србија, со податоците објавени истиот ден, бројот на заразени за еден ден се зголеми за 15,5%.

Блиску до нашиот тренд беше само Грција со 8.2% во текот на последното деноноќие.Нашата земја вчера (27.03.2020) беше во групата со најмал процент на ново заразени за 24 часа споредено со досегашната вкупна бројка. Со новите 18 случаи на позитивни резултати од тестирањето со корона вирусот, вчера Северна Македонија бележи раст од 8,9% од вкупниот број на заразени до тој ден. Овој процент беше далеку помал отколку оној во многу држави, како во светот, така и од регионот.

Држава Вкупно заразени Нови заразени Раст во %
САД 101,159 +15,724 18,4
Италија 86,498 +5,909 7,3
Шпанија 64,285 +6,499 11,2
Германија 50,871 +6,933 15.7
Франција 32,964 +3,809 13
Србија 528 +71 15,5
Бугарија 293 +29 27,2
Црна Гора 82 +13 18,8
Грција 966 +74 8,3
Северна Македонија 219 +18 8,9

Целиот текст на ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e