СДСМ нуди начин како да се намалат патните трошоци на пратениците

Една година по формирањето на новото парламентарно мнозинство – донесени редица закони, но на ред никако да стигне кратењето на патните трошоци за пратениците.

Сега од СДСМ најавуваат дека енормните суми  кои се исплаќаат за патни трошоци на пратениците – ќе бидат намалени.

Се нудат три опции – едната е и натаму да добиваат пари по изминат километар доколку користат сопствен автомобил, но се намалува сумата за исплата. Другата е  да добијат станови  и третата е да им се дадат службени автомобили. Секоја опција – зависи од тоа на која оддалеченост од главниот град  живеат пратениците.

Во централниот дневник нa ТВ24  пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски зборуваше за можните решенија за намалување на патните трошоци. Видеото погледнете го на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e