СДСМ: Лицемерниот Мицкоски молчеше кога неговиот шеф тајно поставуваше споменици

Политичката партија СДСМ денес излезе со соопштение до јавноста како реакција на ставовите кои ги изнесува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

“Лицемерието и партиското профитерство беше и останува главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Крајно несериозно и лицемерно е за планирањето на Скопје да зборува некој кој уста не отвори кога Градот го облекуваа во фасади од барок и стиропор.

Истиот тој Мицкоски молчеше кога се менуваа фасадите на улица Македонија. Молчеше Мицкоски и за зградата на ЕЛЕМ за време на неговото директорување.

Разликата е огромна. Додека ВМРО-ДПМНЕ узурпираше и ниту еднаш не ги праша граѓаните за мислење, СДСМ е отворена и заедно со граѓаните носи решенија.

ВМРО-ДПМНЕ поставуваа споменици сред ноќ, тајно, а СДСМ работи транспарентно, отчетно и отворено.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане партијата симбол на расипништво. Доказ за тоа се градбите на ВМРО-ДПМНЕ кои чинеа милиони, а денес се распаѓаат.

Наспроти ова расипничко однесување, СДСМ е партијата која покажа како домаќински се работи исклучиво во интерес на граѓаните и на државата. Сѐ што прави СДСМ прави заедно со граѓаните, сѐ што прави СДСМ трае и служи долго” – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e