СДСМ: Груевски стоел зад измислиците во Дневник, но правдата и промените не може да ги спречи!

Никола Груевски денеска призна дека стои зад измислиците во текстот на весникот Дневник, пренесен и од други медиуми блиски до него.

Како и вообичаено, Груевски немаше храброст тоа да им го соопшти на граѓаните туку му наложил на сопартиецот Владимир Нелоски да ги демантира неговите нарачани измислени текстови, полни со реторика на конфликт со меѓународната заедница, како и безобразни лаги за што СДСМ веќе најави тужби за клевета.

СДСМ веќе соопшти дека претседателот на СДСМ Зоран Заев не се сретнал со господинот Филипо Кандела, заменик амбасадор во Италијанската амбасада. Тоа е измислена вест.

Како што одговори на новинарско прашање и претседателот Заев, остварена е средба со италијанскиот конзуларен коресподент и со никој друг од Италијанската амбасада.

Очајни се обидите на Груевски да инволвира медиуми и негови сопартијци во валканите измислици со кои мисли дека може да го одвлече вниманието од неговиот катастрофален пораз на изборите.

Граѓаните во огромно мнозинство кажаа дека им е доста од политичари како Груевски кои и нанесуваат штета на Република Македонија со нападите врз претставници на меѓународната заедница во земјава, врз граѓанскиот сектор и демократската јавност.

Обидите на Никола Груевски да ја скара Македонија со светот за да ја изолира и на тој начин да се спаси од одговорност, нема да успеат. Тој е веќе минато.

Доаѓа нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе ги продолжи започнатите демократски промени. Секој кој нанел зло на граѓаните и на државата ќе одговара. – реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e