СДСМ: Со Груевски нема напред! Македонија на дното во регионот и Европа по странски директни инвестиции!

Според релевантни економски истражувања Македонија се најде на дното во регионот и Европа по странски директни инвестиции.

Политиките на привлекување странски инвестиции, темелот на промашените економските политики на Никола Груевски освен што исцедија милиони евра од Буџетот на Р.Македонија за субвенции и даночни олеснувања не донесоа никаков економски бенефит за граѓаните, за економијата и државата.

Никола Груевски ги излажа граѓаните на Македонија за 8 милијарди евра инвестиции!

Таму каде што ветуваше Никола Груевски економски развој, вработувања и инвестиции денес има празни ливади, пустелии и раскопани земјишта.

Оние што дојдоа, откако ги искористија милионите евра државна помош и даночни олеснувања, ги затворија погоните и ги оставија работниците на улица, а некои оставија и милионски долгови.

Никола Груевски сакаше и криминалци да вдоми како странски инвеститори.

Граѓаните избираат помеѓу дил-оринетед политики за непостоечките инвестиции и празни ливади и сериозни и кредибилни инвеститори привлечени со стабилно деловно опкружување и поволна економска клима.

За Македонија да не се перцепира само како земја со најниски плати во Европа ќе стимулираме инвестиции со поголема додадена вредност.

Странските инвестиции ќе ги привлекуваме преку стабилно деловно опкружување, независни професионални институции, квалификувана работна сила, високо ниво на демократска свест и ефикасен правен систем.

Странските инвестиции ќе бидат надополнување на бројните домашни фирми кои ќе бидат столбот на економскиот раст.

За вистински инвестиции и економски раст, граѓаните имаат избор – 4 За Живот! – реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e