СДСМ: Груевски нема да ги спречи промените преку нарачани текстови

Никола Груевски да престане да ги малтеретира експерите и медиумите со исполнување на сопствените пусти желби. Откако почнаа да го напуштаат и најблиските соработници и на Груевски му стана јасно дека останува сам и дека час поскро ќе мора да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски е минато и не може да ги спречи започнатите промени преку нарачани текстови.

Мнозинството граѓани преку глас и пенкало го поразија режимот на Груевски. Претседателот Зоран Заев и СДСМ заедно со граѓаните остварија историска победа од над 600.000 гласови, коишто го потврдија патот на промените. Доаѓа живот.

За целата јавност веќе е јасно, Република Македонија ќе добие нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.Влада која ќе го врати животот во Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e