Соопштение за јавност
Осомничениот Никола Груевски продолжува со своите партиски пируети во обид да се извлече од живата кал во која падна поради криминалното десетгодишно владеење.
Вчера тој реши да ја повлече и целата пратеничка група, но и сите други полтрони околу себе. Груевски во очајот не штеди никого. Полтронот од ГДОМ Оливер Андонов, министерот еднодневка, без да биде прашан служи за потсмев во јавноста за тоа што стана в.д. Чавков неколку часа. А пратеничката група мораше овој срам да го гласа.
Осомничениот Никола Груевски е толку во паника од 11 декември и од правдата која го стасува што веќе не може да види ниту колку му е провиден секој потег. ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа по сите шавови. Веќе не можат да најдат жртва за лудостите ниту во редовите на партијата, па мора да ги „горат“ кадрите што долго време и ги продаваа на јавноста како независни експерти.
Готово е, Никола Груевски. Ќе одговараш и ти и сите твои полтрони.
Македонија ќе биде слободна земја. Тоа не зависи ниту од Груевски ниту од неговите полтрони.