СДСМ: И Ѓорчев знае што се случи, ќе има одговорност за насилниците!

Државен удар врз уставниот поредок на Р.Македонија и кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок ибезбедноста“ по член 313 од Кривичниот законик извршија сите оние насилници, криминалци и злосторници кои по нарачка на Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов, Трајко Велјановски, Митко Чавков извршија обид за убиство преку крвавите напади врз пратениците од мнозинството во Собранието на Р.Македонија.

За ваквото крвничко однесување на злосторниците, но и за нарачателите на ова злосторство Груевски, Иванов, Велјановски, Чавков ќе следува одговорност!

Изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери е според Уставот, Деловникот и законите на Р.Македонија и признат од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД.

Влатко Ѓорчев сигурно не заборавил дека беше сведок на крвопролевањето и бруталните напади врз неговите колеги. Ѓорчев е принуден денеска да ги брани насилните ставови на раководството на ВМРО ДПМНЕ. И покрај ова, СДСМ и претседателот Заев ја почитуваат човечноста што пратеникот Ѓорчев ја покажа на денот на насилството во Парламентот, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e