СДСМ: (Доказ) Тодоров бега од одговорност за грипот, итно е потребна совесна Влада!

“Предупредуваме дека власта во заминување е должна да им дава на граѓаните точни информации, а не половични информации и дезинформации, како што тоа го прават со состојбата со грипот!

Повикуваме министерот за здравство во заминување Никола Тодоров да објасни од каде му е информацијата дека вирусот на грип “најверојатно“ е мутиран.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје нема никакви информации дека е пронајден мутиран тип на вирусот на грипот и дека таквиот мутиран тип ќе претставува дополнителна закана по здравјето на граѓаните, како што тврдат Тодоров и негови соработници.

На Институтот за јавно здравје постои референтна лабораторија со акредитација од Светската здравствена организација во којашто од почетокот на сезоната на грипот па се до минатата недела се тестирани 88 биолошки материјали и точно е откриен типот на вирусот на грип. Тоа е А / Ха 3 (Influenza A/H3).

Несериозноста на Тодоров и неговите соработници од власта оди до таму што комплетно ги збунија граѓаните и со спротивставените изјави со кои излегуваат. Прво тврдеа дека студот ќе помогнел во борбата со грипот. Потоа дека студот помага вирусот на грип да да остане подолго во воздухот и да се шири. А истовремено ги советуваат родителите дека е добро децата да ги изнесуват барем еден час на студеното време.

Очигледно е дека Никола Тодоров и власта во заминување се обидуваат да се оградат и да ја избегнат одговорноста што ја имаат поради тоа што навреме не се преземени превентивни мерки за заштита од грипот, според препораките на Светската здравствена организација.

Граѓаните не сакаат неодговорна и несовесна власт и затоа избраа промени. За заштита на нивното здравје итно е потребна нова Влада на граѓаните на Македонија. За сите последици од несовесното владеење ќе има одговорност”. се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e