Ристевска Јорданова: Мора да изградиме единствена државна стратегија кон стретшките прашања

-Ние очигледно секогаш го одиме потешкиот пат. Прашање е колку извлекуваме лекции од тоа, бидејќи има некои константи во надворешната политика кои што треба да се анализираат и да се гради стратегија. Јас постојано повторувам дека ние мора да изградиме единствена државна стратегија кон стретшките прашања, како што е членството во ЕУ“ рече Малинка Ристевска Јорданова, членка на управниот одбор на Европскиот политички институт (ЕПИ) во вчерашното гостување во Топ Тема на Телма ТВ.
Ристевска Јорданова појаснува дека ЕУ, доколку се следат изјавите, упатиле добра оценка за институционалниот одговор што се случил како резултат на невозможниот политички договор.
Во отсуство на политички договор бидејќи беше совршено јасно дека тешко ќе биде постигнат бидејќи ВМРО ДПМНЕ требаше да ги заштити едноставно некои свои претставници и тоа беше совршено јасно дека е скоро невозможен договор. Во таква ситуација, се најде институционален одговор за превземање на предметите од страна на редовното обвинителство и тоа наиде на добар одговор од македонска независна сфера, но и добра оцена од страна на ЕУ. Значи се најде институционално правно решение за да може да се затворат предметите.- рече Ристевска Јорданова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e