Револтирани родители: Децата ни мрзнат, нема парно, стаклата заменети со даски во училиштето

Тениски терени од милиони евра, споменици, барокни фасади, а се уште во државава има училишта и болници кои се во распад. Родителите на учениците кои учат во ОУ „Тошо Арсов“ во Штип се жалат дека условите во објектот се неподносливи и дека на никој не му е грижа, пренесува А1 Он.

– Децата ни се измрзнаа, велат тие.

Една од училниците нема парно грееење, па уште на почетокот на есента е донесена кварцна печка која не го решава проблемот.

– Верувавме дека директорот ќе го реши проблемот со греењето, но сеуште ништо не е променето. Исто така од тоалетите се шири непријатна ареа и се без врати. Прозорците се во многу лоша состојба и претставуваат опасност за нашите деца. Прозорците се со напукнати стакла, со дупки, стаклата заменети со даски и пластики и секој момент можат да паднат. Што укажува дека грижата за здравјето и безбедноста на нашите деца е на најниско ниво. Директорот со неговите изуми е втор Тесла, реагираат родители на учениците.

tosho-arsov-2

Сакаме јавно да прашаме вака ли треба да изгледа училиште во 21-от век и вака ли се води грижа за здравјето и безбедноста на нашите деца, прашуваат тие.

Уште минатиот месец, родителите реагираа дека дваесетина првооделенци мрзнат на настава, иако проблемот од училиштето се обиделе да го решат со поставување на една кварцна печка поставена во учиницата.

За проблемот со греењето во оваа училница, како што извести штипската ТВ Стар во ноември, родителите биле предупредени уште на стартот на учебната година, но иако инсистирале, ништо не се сменило.

Тогаш реагираа и до директорот со барање децата да се префрлат во друга училница, но бил изненаден и затечен од рекцијата на дел од родителите, зашто според него, споменатата училница била една од најтоплите во училиштето.

tosho-arsov-3

– Проблемот е што парното додека да дојде до овде се лади и грее слабо, но ние реагиравме и поставивма дополнително греење, така што условите за работа се оптимални, истакна Димитар Параклиев, дир. на ОУ „Тошо Арсов“ – Штип за ТВ Стар во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e