Рентген техничар на Радиологија позитивен на Ковид, се чекаат резултати за уште тројца

Рентген техничар на Институтот за радиологија(рентген институт) е позитивен на коронавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болен, со температура и симптоми на Ковид-19, пренесе НОВА ТВ.

Во моментот таму се прави епидемиолошка анкета, а резултати од тестовите се чекаат за уште тројца, потврија за НОВА во ДСЗИ, од каде велат дека таму е можен нов кластер на коронавирусот.

Не се знае со колку вработени, како и пациенти имал контакт вработениот техничар, колку од нив снимал, ниту дали носел лична заштитна опрема.

Неофицијално, наводно за него се подготвува дисциплинска постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e