Раселени семејства, празни училишта

Се поголемото раселување на граѓаните видно влијае и на образовните институции, каде бројот на ученици секоја година бележи голем пад, со што некои од училиштата ризикуваат и да бидат затворени. Заменик министерот за образование и наука, Арбер Адеми вели дека ја следат ситуацијата и ги анализираат сите податоци од теренот, но без некаков конкретен план за решавање на оваа проблематика.

„Во Министерството за образование и наука ги следиме и анализираме сите тие податоци и сите трендови кои доаѓаат од реалната состојба на теренот и сигурно дека ќе ја донесеме одлуката имајќи ја во предвид потребата и барањето за образование на секој поединец, секој ученик кој изразува желба и интерес да го продолжи своето образование“, рече заменик-министерот Адеми.

Социологот, Ѓорѓи Тоновски, вели дека доколку продолжи ваквиот тренд, тогаш земјата се доближува кон национална катастрофа.

Трендот на раселување во европските земји се повеќе се зголемува, додека претходните години за работа на Запад оделе главно мажите од семејствата, но последниве години се зголеми трендот каде заедно со нив заминува целото семејство.
Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e