Рангелова: Не ги поддржувам политиките на ВМРО-ДПМНЕ, нема да бидам дел од овие избори


Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на денешната дебата во емисијата Топ тема изјави дека не ги поддржува политиките на нејзината партија и нема да биде дел од листите за предвремените парламентарни избори напролет.

-Не сум заинтересирана да бидам кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да се даде шанса на нови луѓе кои ги поддржуваат политиките на актуелното раководство. Не е чесно да не се поддржуваат политиките на партијата а да барате да бидете на листи. Ќе продолжам да се занимавам со политика, но во идниот временски период ќе бидам малку по настрана, вели Рангелова.

Во однос на реформските закони кои кои се заглавени во Собранието со амандмани од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но и од ДУИ, Рангелова верува дека Собранието ќе биде откочено и ќе се донесат овие закони предложени од владата и министерствата.

Рангелова вели дека ќе продолжи да се бори за родовата еднаквост во политиката и парламентот. Таа вели дека повеќе од 80 пратеници се потпишале на иницијативата за 50 отсто застапеност на жените во политиката, но во реалноста голем дел не ја поддржале таа иницијатива.

-Предложувам отворени листи за предвремените избори да има отворени листи и родова еднаквост односно 50 отсто на листите да бидат жени. Јас се залагам за родова еднаквост, и навистина ми е жал што ова се блокира. Лицемерно е што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не учествуваа на оваа расправа денеска. Исто така срамно е овој закон да се блокира со 6 илјади амандмани.Пред една година почнавме иницијатива за 50 отсто жени во парламентот. Има потписи од 80 отсто пратеници, но за жал ќе треба само да си ја урамиме затоа што нема вистинска заложба, некои кои се потпишаа не го покажуваат тоа во пракса. Доколку навистина поддржуваат ги повикувам да излезат и да се борат за 50 отсто застапеност на жените на овие избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e