Притисоци врз администрацијата

Директори и наставници, впрегнати во изборна кампања, делувале врз ученици да се бклучат во партиски активности, тврди дополнителниот заменик министер за информатичко општество.

Притисоците врз администрацијата се интензивираат како што се наближува изборниот ден, вели тој. Партијата на власт се служи со закани и уцени дека вработените во јавниот сектор ќе го изгубат работното место доколку не дојдат на митинг. вели Кирацовски.

„До нас секојдневно пристигаат информации за заплашувања, разни притисоци, закани и уцени, доколку вработените во администрацијата не донесат 15 сигурни гласачи за власта и доколку истите не бидат форум на митинзи. Безобразието на власта оди дотаму што одредени директори и наставници во средни училишта во Битола и во останатите градови, вршат влијание врз учениците кои се малолетници и истите за време на настава, за извршуваат партиски и политични дејности во функција на власта“ – вели Кирацовски.

Граѓанската асоцијација МОСТ извести за 41 случај во 26 општини каде вработени во јавниот сектор биле принудени да присуствуваат на митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Министерката за информатичко општество ги демантира ваквите наоди.

„Министерството не е орган кој е надлежен да одлучува по жалби и поплаки на административни службеници во ниту еден случај, а особено не за изборни притисоци кои се кривично дело. До сега до министерството не стигнала ниту една пријава за изборен притисок, но доколку стигне, веднаш ќе ја проследиме до надлежна институција и ќе го известиме подносителот.“ – вели Марта Томовска-Арсовска, министер за инфроматичко општество и администрација.

ОБСЕ/ОДИХР исто така соопшти дека биле известени за случаи на наводни притисоци врз вработените во јавната администрација да поддржат одредена политичка партија. За истиот проблем алармираше и министерката за труд и социјална политика до која стигнале претставки од родители каде се жалат дека вработените во детски градинки се принудени да присуствуваат на партиски митинзи и да вршат партиски активности во работно време. Злоупотребата на јавните ресурси во партиски цели се повтори и оваа година. Како пример автобусите на скопското јавно сообраќајно претпријатие беа искористени за време на митинг на ДУИ за превоз на нивното членство.

Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e