Претседателот на Собрание денеска ќе ги распише изборите

Решението за предвремените парламентарни избори на 11 декември,  денеска ќе биде потпишано од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски,

По закажаната средба во 11 часот со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, Вељановски во 12 часот ќе потпише решение за распишување предвремени парламентарни избори.

Со 110 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците одлучија да се распушти Собранието на Република Македонија за на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e