Прекинати преговорите за нова влада ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ?

Уште официјално незапочнати денеска прекинати преговорите меѓу претставниците на ВМРО ДПМНЕ  и ДУИ дознава Локално.мк.

Според еднострaни извори од страна на преговарачките тимови на двете партии, кои патем се и колициски партнери досега, поради несогласувања главно околу улогата на СЈО,  денеска биле прекинати  преговорите меѓу двете партии, па   претсaвниците се повлекле. Со оваа  нова позиција  станува извесно како ќе се продолжи понатаму. Истите извори упатуваат на тоа дека не е исклучено до крајот на денешниот ден да има итна директна средба меѓу Али Ахмети и Никола Груевски за  да се види дали има простор за продолжување , односно воопшто  простор и за официјален почеток.

Али Ахмети и ДУИ имаат сериозен проблем со позициите на досегашниот колиционен партнер, ВМРО ДПМНЕ , со нивното одбивање ,иако тие јавно декларираат дека нема откажување од работата на СЈО и продолжување на нивниот мандат. За другите позиции од точките за преговори,  околу т.н платформа на Албанците  воопшто и не се дошло на ред да се разговара, пишува порталот Локално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e