Повлечена објавата на одлуката за самораспуштање на парламентот!?

Синоќа , поради непознати причини во последен момент била повлечена одлуката  за објава во Службен весник за самораспуштање на парламентот потпишаната од претседателот Трајко Вељановски, неофицијално дознава Локално.мк.

Според законот,  претседателот на парламеннтот и покрај тоа што ја  има  изгласаната одлуката за самораспуштање , истата првин ќе мора да биде објавена во Службен весник, а потоа спикерот Вељановски и официјално  да ги распише изборите. Тоа треба да се случи денеска, но може да биде и во наредниот ден, или да се развлекува како што синоќа во своето соопштение предупреди Демократскиот сојуз. Трајанов предупреди дека независно што претседателот има можност уште неколку дека ( до 27.10 2016 год) да развлекува, сметаме дека е коректно и во интерес на сите граѓани  и партии тоа да го направи уште вечерва , со што ќе започнат да течат законските изборни рокови.

 Само за потсетување некои закони за да ги објават, заради итност, со авион ги носеа до Подгорица на потпис кај Ѓорѓе Иванов, а вечерва повторно се подготвува ујдурма , и е потребно распишување веднаш, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз

Во потрага  по информааијата за  ваквото одлагање во последен момент, и повлекување на обајвата на одлуката за самораспуштање на парламентот, единствен логичен одговор е купување време  од власта за носење на некои други одлуки.

Познато е дека со распишување на изборите согласно изборниот законик не  се можни повеќе нови вработувања, или прерасапределби, уште помалку процедури за нови тенедери и неконтролирано трошење на буџетски пари.

-До колку во овие неколку дена се почнат тендерски постапки, или кардовски рераспределби и назначувања со одлуки на седници на влада која уште денеска  утре има можност да закаже седница со точка за кадровски решенија, или да  се покренат тендерски постапки, тоа ќе значи дека истите за изборите ке си течат нормално затоа што биле покренати пред денот на распишување на изборите.

Во очекување на на вистински одговор зошто била повлечена објавата на одлуката за самораспуштање,  ова е  единствениот логичен одговор чија потврда или демант ќе ја имаме со настаните во меѓувремето до  моментот на распишување на изборите од страна на претседателот на веќе распуштеното собрание Трајко Вељановски – пишува порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e