Поранешни високи функционери од свој џеб ќе враќаат пари во буџетот

Неколку поранешни високи функционери се под лупа за злоупотреби при изградбата на Скопје 2014. Според извори од истрагата, посебни предмети за овој мега проект водат  во други истражни органи, не само СЈО.

Нашите доброупатени извори кои бараа да останат анонимни велат дека речиси се стокмени досиеата за функционерите. Со  овие случаи  ќе почне да отчукува  бројчаникот и освен кривична одговорност ќе се бара враќање на народните пари во државната каса.

„Станува збор за инкриминирани дејствија сторени од одгиворни лица во државни институции и фирми, кои се поврзани со мега прокетот Скопје 2014. Предметите наскоро ќе бидат комплетирани, а јавноста информирана.“ – вели нашиот извор.

Постаојат сериозни индиции и докази дека  функционерите направиле законски прекршувања со кои е нанесена милионска штета на државата, вели нашиот извор.

На крајот од минатата година Финансиката полиција отвори истраги за повеќе објекти опфатени во  „Скопје 2014“, меѓу кои и објектот на Археолошкиот музеј. Истражните дејствија  требаше да утврдат како и дали фирмите изведувачи легално ги добиле тендерите за изградба на овој прокет.

Истрага за мултимилионскиот проект Скопје 2014 води и СЈО.  Веќе се води и судски процес за поранешната министерка за култура, која е обвинета дека наместила тендер за да се изгради Музејот на ВМРО, кој е дел од проектот Скопје 2014.  Специјалната обвинителка во една изјава откри дека  привршува со уште една истрага која е клучна  за овој проект и во која имаат сомнежи дека  биле испрани и  изнесени милиони надвор од Македонија.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e