Помпео ја поздрави одлуката на САД за влез на С.Македонија во НАТО

Државниот секретар на САД Мајк Помпео ја поздрави одлуката на Сенатот на САД за ратификација на Протоколот за влез на нашата земја во НАТО, објави Стејт департментот.
„Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница.
Усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на Северна Македонија кон членство во НАТО. – се вели во изјавата на Помпео.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e