По смената на сите претседатели на ограноци, конгрес на ДУИ во Скопје

По изборот на речиси 100% целосно нови претседатели на сите наши ограноци и по изборот на над 90% нови претседатели на сите наши подограноци, како и целосно нов избор на форумите на жените и на младите, Демократската унија за интеграција ќе го организира својот четврт изборен партиски конгрес, соопшти партијата.

Од таму се убедени дека резултатот од конгресот ќе придонесе врз градење на оддржливи политики кои што ќе бидат од корист на сите граѓани на нашата земја.

Конгресот ќе се одржи утре, 21 декември, со почеток во 16 часот во Спортско-рекреативниот центар „Кале” во Скопје, на кој што главна точка ќе биде доверување на уште еден мандат на долгогодишниот претседател Али Ахмети, но и носење на нов статут, платформа и резолуции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e