Петковски: Само од 1990 до 1992 година имавме вистинска парламентарна демократија

Поранешниот собраниски спикер, Тито Петковски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека зад референдумот за договорот со Грција треба да застанат сите партии.

-Ние како држава не сме подготвени, како почитички партии, невладин сектор, бизнис факторот, ние немаме дијалог, не разговараме за фундаменталните прашања. Некои работи уште на почетокот крајно лошо се поставија. Само од 1990-1992 Македонија имаше вистинска парламентарна демократија. По сите прашања во Собранието се расправаше деноноќно. Моралниот фактор беше доминантен кај луѓето. Од 1992 година па наваму кога се формираа политички влади тотално е изместена парламентрната демокраија. Зад референдумот треба да застанат сите политички партии, во спротивно секоја друга варијанта политичките партии ќе ја користат за своја промоција, а Македонија ќе изгуби, вели Пeтковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e