Пендаровски пречекан со највисоки државни и воени почести во Тирана (ВИДЕО)

Претседателот на Рeпублика Северна Македонија, Стево Пендаровски  ја почна првата официјална посета на Република Албанија. Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од албанскиот претседател Илир Мета, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана.

Предвидено е Пендаровски да се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи.

Исто така, претседателот Пендаровски ќе има средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и со пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e