Пендаровски: Да помогнеме „белите дробови“ на Велес повторно да придонесуваат за здрава животна средина

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во Велес каде учествуваше на неколку настани меѓу кои засадување садници на опожарените места крај езерото Младост.

Претседателот се фати за лопата и активно се вклучи во садење на дрвја на местото каде летово имаше голем пожар.

„Она што природата го негувала повеќе од 30 години, изгоре за неколку дена. Сега, сите ние треба да и возвратиме на природата со иста мера и поскоро да ја надоместиме штетата. Денеска симболично засадивме неколку садници, а припадниците на армијата веќе го расчистуваат теренот. Да помогнеме „белите дробови“ на Велес повторно да придонесуваат за здрава животна средина.#ЛицевЛице“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e