Пелегрини: Сериозно се плашам дека С.Македонија сè уште има волја да спроведува реформи за влез во ЕУ

Премиерите на земјите членки на Вишеградската група (В4) на состанокот пред денешниот Самит на земјите пријатели на кохезијата во Прага, предупредија дека се разочарани од Европската унија, поради тоа што испратила негативен сигнал до Западен Балкан, со недавањето датум за почеток на пристапни преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.

Тие оценија дека погрешниот сигнал може да го забави забрзувањето на преговорите со Србија и Црна Гора.

– Сите сме разочарани. Но, ако не ги започнавме преговорите со Албанија и Северна Македонија, важно е да ги забрзаме преговорите со земјите со кои веќе ги имаме започнато преговорите. Оваа одлука можеме да ја надоместиме или ублажиме така што на преговорите со Србија и Црна Гора ќе им дадеме екстра голема брзина. Да нема проблеми со натамошното проширување, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференција по воведниот состанок на премиерите на В4.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини, исто како и Орбан и нивниот чешки колега Андреј Бабиш, изрази разочарување од тоа што на Северна Македонија и Албанија не им беше дадена ниту можноста да започнат преговори и предупреди дека „трите стари држави членки на ЕУ, кои најмногу се бореа против проширувањето на Западен Балкан, ги згрозиле граѓаните на регионот“.

– Сериозно се плашам дека граѓаните на тие земји сè уште ќе имаат волја да ги спроведуваат во своите земји тешките реформи за кои е потребен влез во ЕУ или на крајот ќе ја видат перспективата во соработка со Русија, Турција, Кина или со арапските земји. Тоа беше голема суштинска грешка, затоа што мислам дека проширувањето е инвестиција за ЕУ. Тоа е добра инвестиција. Не само економска, туку и безбедносна, изјави Пелегрини.

Премиерот на Словачка предупреди дека ваков пристап кон Западен Балкан може да ја врати ЕУ во нова миграциска криза.

– Јас сум многу љубопитен и разговаравме за тоа, како ќе се постават балканските земји ако бараме повторно да ја затвориме балканската рута. Тие направија добра работа и беа многу кооперативни, бидејќи им помагаат на своите идни пријатели. Ќе видиме што ќе прават сега. Може да очекувавме од нив да кажат – еве, грижете се самите за вашата надворешна граница, почитувани членки на ЕУ, кога вака се однесувате кон нас, предупреди Пелегрини за можните последици од ќор-сокакот со проширувањето и безбедноста на ЕУ.

Пелегрини истакна дека Словачка и другите земји од В4 секогаш ќе бидат на страна на земјите од Западен Балкан, ќе ги поддржат и ќе ги мотивираат да дадат се од себе за да влезат во европските структури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e