Отец Пимен: Договорот за името не е идеален, но не е ниту нешто погубно

Својот личен став за Договорот со Грција ќе го кажам на референдум, изјави митрополитот на Европската епархија, владиката Пимен. Тој се надева дека референдумот ќе се одржи, бидејќи дел од политичката јавност заговара бојкот.

Според отец Пимен, Договорот е далеку од идеален но, рече тој, не е ниту нешто погубно како што некои го толкуваат.

–Луѓето тоа го доживуваат како предавство. Крајната инстанца сепак останува на народот, не само на политичарите туку на секој еден поединец затоа што ќе има можност да се изјасни на референдум „за“ или „против“ – изјави отец Пимен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e