Основниот суд Скопје 2 прифати тужба за мобинг од Владимир Панчевски

Основниот суд Скопје 2 ја прифати тужбата што ја поднесе вработен во скопскиот кривичен суд против поранешниот претседател на скопска „единица“, судијата Владимир Панчевски.

Граѓанскиот суд, прифатената тужба веќе и’ ја дал на разгледување на судијката Хилда Мешкова, која треба да го закаже почетокот на судскиот процес.

Инаку тужбата за мобинг ја поднесе Горан Стаменковски, поранешен раководител на Одделот за човечки ресурси и екс-раководител на сите стручни соработници во кривичниот суд. Тужбата е поднесена поради однесувањето на Панчевски кој не само што го прерасподувал на работни позиции кои не одговатаат на неговите стручни квалификации, туку и без основа и парично го казнувал.

Инаку, тужителот освен тужба за мобинг, против Владимир Панчевски поднел и кривична пријава за две кривични дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e