Османи: Ние министрите што функционираме на дневна основа знаеме колку ни е потребно што побрзо да добиеме функционален парламент и политичка влада

Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања, во вечерашното гостување во “Топ тема” на Телма телевизија со мислење дека верува дека политичките субјекти ќе постигнат договор изборите да се одржат на 5 јули.

“И нас реално ни е многу тешко да зборуваме за избори во оваа ситуација и сигурно луѓето кога не гледаат ни се чудат. Мислат дека ние тоа го правиме за да си обезбедиме мандат, но од друга страна ние сме единствената држава во светот која нема функционален парламент, ние сме единствена држава во која имаме министри од позиција и опозиција кои си префрлаат вина еден на друг што ја прави Владата потешка за функционирање, заради тоа што е техничка, што е наменска за други потреби, за организирање избори, а не за менаџирање на пандемија. Ние како министри што функционираме на дневна основа знаеме колку ни треба што побрзо функционален парламент и политичка влада. Ние сме во една тешка позиција заради наметната ситуација заради ова со Собранието за кое никој не е виновен. Собранието се распушти на 12 февруари кога никој не очекуваше дека ќе имаме пандемија во државата.

Ставот е дека нема друг датум за избори освен 5 јули во овој период што доаѓа, такви се роковите и законски и логични и јас очекувам дека ќе постигнеме договор за 5 јули со цел да ги вратиме институциите” – истакна Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e