Оровчанец: Доколку клиничките тестирања бидат добри веќе до ноември би имало произведена количина на вакцини

Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, проф. д-р Ѓорѓи Оровчанец, најави дека до крајот на годината би можело да се добијат евентуални резултати од клиничките тестирања на вакцината за коронавирусот.

“Во овој момент има осум платформи за вакцина кои се истестирани дали даваат одредени нус-појави или лоши последици од нивната апликција. За среќа, сите се добри. Сега останува главниот дел, испитувањето на она што треба вакцината да го произведе, односно имунитетот. Некои фирми отидоа толку далеку да почнаа веќе да произведуваат вакцина врз база на она што го тестираат со размислување ако не успеат во клиничкиот тест на крај да ги уништат, меѓутоа ако успеат веднаш да ги пуштат во употреба. Тие се веќе во клиничко испитување и би требало некаде до средината на месец октомври да биде познато клиничкото испитување. Веќе до ноември би имало произведена количина на вакцини и доколку тестот биде позитивно оценет вакцината да биде пуштена. Тие се подготвени да потрошат пари дури и со ризик на крај да се покаже дека тестирањата се негативни. Пристапот е таков затоа што очигледно имаме сериозен непријател, а ние упорно како народ не се ни трудиме да сфатиме дека тоа е така, дури тврдиме и дека воопшто нема вирус” – истакна проф. Оровчанец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e